Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има повеќе јагниња од волци.
Драмите се за гледање, а дури потоа за читање, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.
Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ – се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов.
Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста. Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста.
Три нови драми
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Венко Андоновски
- Достапност: На залиха
- 320 ден
-
256 ден
-
- 1 или повеќе 256 ден
Слични продукти
Образована
Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докт..
400 ден 500 ден
Дневник од Гвантанамо
„Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекар..
420 ден 600 ден
Мраз во пламенот
Дебитантскиот роман на Е. Н. Веровска претставува вистинско богатство на македонската книжевност за ..
245 ден 350 ден
Ознаки: tri novi drami, venko andonovski
