Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.

Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа... зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.

Прашање на живот и смрт.

Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?

„Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“ - Анри Бергсон

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Првиот ден од остатокот на твојот живот

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Мод Анкауа
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Невидлив

Приказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник – стравот, посакува да има супермоќи..

Автор:

300 ден 400 ден

Иларија

Иларија е млада девојка, весела и среќна и опкружена со луѓе кои многу ја сакаат. Има неколку добри ..

Автор:

175 ден 250 ден

Пловејќи на Еџ

Пловејќи на Еџ ја раскажува приказната за Емералд Лејк Висер, несреќна четиринаесетгодишна девојка, ..

Автор:

245 ден 350 ден

Во потрага по Ноел

Постојат приказни кои се чуваат во кутии со панделки, затворени. Таквите приказни се отвораат еднаш ..

Автор:

322 ден 460 ден

Ознаки: prviot den od ostatokot na tvojot zivot, mod ankaua