Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото. 

Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.

Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате. 

„Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“ - Томас Ф. Кеш

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Возрасни деца од емоционално незрели родители

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Линдзи Гибсон
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Во пречката е патот

Лесна, практична и забавна збирка стоички идеи и нивна примена во современиот свет.Препреките не тре..

Автор:

338 ден 450 ден

Вашето компетентно дете

„Исклучителна и важна книга! Јеспер Јул им нуди на родителите прекрасен, едноставен и целосно возбуд..

Автор:

263 ден 350 ден

Црвена линија

Дали се борите да им поставите граници на другите во вашиот живот? Дали минатите искуства ве научиле..

Автор:

288 ден 360 ден

Осум правила на љубовта

Можеш сиот живот да бараш љубов и никогаш да не најдеш, или можеш постојано да даваш љубов и да иску..

Автор:

480 ден 600 ден

Ознаки: vozrasni deca od emocionalno nezreli roditeli, lindzi gibson