Од татковината што наскоро ќе им исчезне, две семејства од различни делови на Прусија, Шипер и Халброк, бегаат заедно со својот народ пред егзодусот и ужасите на Втората светска војна. Прусија постоеше одделно од Германија иако тоа не беше така поради националистичкиот жар или бомбите што убиваа еден живот, а поштедуваа некој друг.
Животите на Арно Шипер и Илзе Халброк, две деца кои не се познаваат ниту, пак, знаат што им подготвува судбината во други земји, тргнуваат на аџилак без одмор. Бараат спас од уништувањето, гладот и смртта, ама во срцата им се вгнездува надежта за мир и повторно обединување и желбата да најдат место каде ќе пуштат нови корени.
Но, Илзе покрај себе го има Јануш, младиот полски работник. И, додека бегаат од Советската армија, неговите народни приказни и го штитат умот од студ и глад, како и од ужасите околу нив. Тој и раскажува за опколеното кралство на Балтикот, од кое течат килибарните солзи на неговата кралица со скршено срце.
Инспирирано од вистински настани, Солзи од килибар е трогателен роман, човечки, несекојдневен одраз на изпреплетени патишта и неизбежна судбина.
Солзи од килибар
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Софија Сеговија
- Достапност: На залиха
- 690 ден
-
518 ден
-
- 1 или повеќе 518 ден
Слични продукти
Лавиринт од чемпреси
Дали тајната што е чувана уште од Втората светска војна може да им наштети на невините или да ги осл..
390 ден 520 ден
Луѓе на кафе
За што зборуваат луѓето додека седат на кафе? Се смеат, се караат, си изјавуваат љубов, раскажуваат ..
266 ден 380 ден
Ознаки: solzi od kilibar, sofija segovija

