Ферн Брукбенкс голем дел животот поминала размислувајќи за Вил Бакстер. Во своите рани дваесетти години, минала само дваесет и четири часа со овој извонредно привлечен уметник-идеалист, а нивната средба се претворила во целодневно доживување на Торонто. Моментот бил погрешен, но меѓусебната поврзаност очигледна: си ги раскажале секоја тајна и секој сон, и свечено се договориле да се сретнат една година подоцна. На таа средба дошла Ферн, но не и Вил.
Ферн сега има триесет и две години, и животот не ѝ изгледа како што замислувала. Повторно живее во родниот крај и го води езерското одморалиште на мајка ѝ. Таму владее неорганизираност, негов директор е поранешното момче на Ферн, а самата не знае од каде да почне.
Ѝ треба план и насочување. На нејзино изненадување, спасот се појавува во ликот на Вил кој пристига на местото со задоцнување од девет години, носејќи куфер и понуда да ѝ помогне. Но, како таа да му верува на овој човек-фантом кој сега носи скапи костуми и кој ни оддалеку не личи на младичот што го запознала пред толку години? Вил крие нешто, а Ферн не е сосема сигурна дека сака да дознае што.
Но, десет години пред ова, тој ја спасил неа: може ли сега таа да го стори истото за него?
Чекај ме кај езерото
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Карли Форчан
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Безнадежно
Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Прик..
338 ден 450 ден
Ова започнува со нас
Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на ..
390 ден 520 ден
Песто паста - храна на љубовта
Лора Патерсон, студира историја на уметност во Рим. Таа одлучува дека отсега па натаму, ќе излегува ..
338 ден 450 ден
Ознаки: cekaj me kaj ezeroto, karli forcan
