Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но, не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.
Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.
Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.
Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.
Сонцето под земја, кралството над него
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Елена Бошбож
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Знакот на четворицата
Холмс и неговиот придружник д-р Вотсон откриваат скриено богатство и убиство.Госпоѓица Мери Морстан ..
225 ден 300 ден
Неописливи нешта
Инспирирано од вистинска застрашувачка приказна од родниот град на авторката, во заедница каде што н..
336 ден 420 ден
Ознаки: sonceto pod zemja, kralstvoto nad nego, elena bosboz
