Три девојки, три масовни убиства и… една тајна.
Пред десет години студентката Квинси Карпентер оди на одмор со пет пријателки и се враќа сама: таа е единствената преживеана од масакар како од хорор-филм. Преку ноќ станува дел од клуб во кој никој не сака да припаѓа – група од девојки со слично минато, наречени „Преживеаните девојки“. Покрај Квинси, тука се и Лиза и Саманта. И трите се обидуваат да ги остават кошмарните сеќавања зад себе и, наспроти обидите на медиумите да ги соберат на исто место, не сакаат да се сретнат. Сè додека Лиза, првата „преживеана девојка“, не е пронајдена мртва во нејзината бања, со пресечени вени, а Саманта не се појави во домот на Квинси.
До овој момент тие мислеа дека колежот што го преживеаја е најлошто нешто што им се случило во животот.
Првиот роман на Рајли Сејгер е национален и интернационален бестселер, објавен во повеќе од дваесет земји и добитник на наградата ITV за најдобар роман во категоријата трилери. Книга што се чита одеднаш, што не се испушта од рака од првата до последната страница.
Преживеаните девојки
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Рајли Сејгер
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Животен лет
Пилотот на хеликоптер, Пени Карлтон, е навикната на ситуации со висок стрес, но тоа што е принудена ..
343 ден 490 ден
Благосостојба
Празничната сезона го обземa Вашингтон, но во Метрополитенската полиција предмет на истрага станува ..
368 ден 490 ден
Ознаки: preziveanite devojki, rajli sejger
