Невронауката ни дава забавни и интригантни одговори на прашањата зошто понекогаш нашиот сопствен мозок нè саботира. Поради што губите во расправите со луѓе кои знаат многу помалку од вас? Зошто никогаш не можете да се сетите на името на жената со која штотуку сте разговарале, иако сте ја препознале и точно знаете која е таа и кој ве запознал со неа? И зошто, откако неодамна сте ја прекинале врската, со денови лежите склопчени на каучот, движејќи се само повремено да ги избришете солзите и носот кој ви тече?
На сите ни се случува да влеземе в кујна или да го отвориме лаптопот или самоуверено да застанеме на говорница и одеднаш да немаме поим што сме сакале да направиме. А сето тоа благодарение на тоа што мозокот решил да прави глупости. Човечкиот мозок – толку блескаво паметен, толку високоразвиен – е особено збунет, погрешлив и неорганизиран. Дали знаете, на пример, дека вашето паметење е егоцентрично? Дека теориите на заговор и суеверието неизбежно се дел од еден здрав човечки мозок? Или дека алкохолот во извесна мера може да ви го подобри паметењето (само внимателно прочитајте ја книгава пред да решите лично да се уверите во ова)?
Во книгата „Нашиот луд мозок“ неврологот Дин Бурнет нè запознава со таинствената сива (и бела) материја, толку склона да прави будалштини и попатно ни го објаснува несовршенството на величествениот човечки мозок и како тоа несовршенство влијае на сè што правиме, говориме, доживуваме. Стручна, духовите и забавна, оваа книга им е наменета на сите што понекогаш се прашуваат зошто родениот мозок им го саботира животот или што сега повторно смислил.
Нашиот луд мозок
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Дин Бурнет
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
336 ден
-
- 1 или повеќе 336 ден
Слични продукти
Исто како и секогаш
Најдобриот финансиски план е да штедиш како песимист и да инвестираш како оптимист. Инвестирај во по..
440 ден 550 ден
Триумфирај во животот
Секое суштество живее во сопствен ментален свет. Неговите радости и таги се креации на неговиот ум и..
280 ден 400 ден
Клубот 5 наутро
Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем ..
400 ден 500 ден
Зборотерапија
Насмевката е најдобриот лек за сè… Особено насмевката која се издигнала над сите неволји и преживеал..
279 ден 399 ден
Ознаки: nasiot lud mozok, din burnet
