Тоа беше една од највпечатливите фотографии на 20 век: две момчиња, двајца принцови, чекорат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас. Додека траеше погребот на принцезата Дијана, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и што чувствуваат принцот Вилијам и принцот Хари – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент понатаму. За Хари, ова е конечно таа приказна.
Пред да ја изгуби мајка му, дванаесетгодишниот Хари беше познат како безгрижната и среќна Резерва на многу посериозниот Наследник. Тагата промени сè. Се бореше на училиште, се бореше со гневот и осаменоста – и бидејќи го обвини печатот за смртта на неговата мајка, се бореше да го прифати животот во центарот на вниманието. На 21 година се приклучи на британската армија. Дисциплината му даде структура, двете учества во борбени дејства го направија херој дома.
Но, наскоро ќе се почувствува поизгубен од кога и да е, ќе страда од посттрауматски стрес и панични напади...
Резерва
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Принц Хари, Војвода од Сасекс
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
472 ден
-
- 1 или повеќе 472 ден
Слични продукти
Човек што плаче од смеење
Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нов..
320 ден 400 ден
Добро е да се знае
Оваа книга е збир на текстови и записи од полето на историјата и празниците (празниците во значаен д..
413 ден 590 ден
Ознаки: rezerva, princ hari, vojvoda od saseks
