Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.
Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс.
Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми.
Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите...
Лејла
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Колин Хувер
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Париската ќерка
Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупаци..
390 ден 520 ден
Меден месец
Што сè може да се случи за време на медениот месец кога одиш со твојот најголем непријател ..
368 ден 490 ден
Ознаки: lejla, kolin huver
