Една од највредните вештини во економијата станува сè поретка – ако ја совладате, ќе постигнете извонредни резултати.
Умеете ли да се фокусирате? Да се исклучите од надворешниот свет, наполно да се внесете во задачата? Ако умеете да го направите тоа, тогаш сте исклучок. Повеќето луѓе денес се обидуваат да извршуваат повеќе задачи истовремено, поради што ја имаат изгубено способноста длабоко да проникнат во даден проблем.
За да работиме задлабочено, треба да умееме да се сосредоточиме на извршување на задачите што бараат сериозен интелектуален напор и притоа да не дозволуваме други нешта да ни го одвлекуваат вниманието. Оваа способност за фокусирање ни помага побрзо да ги совладаме сложените информации и да постигнеме подобри резултати за пократко време. Задлабоченото работење ќе ве направи подобри во она што го работите и ќе ви донесе вистинска исполнетост. Во сè поконкурентната економија на 21 век, задлабоченото работење наликува на супермоќ. А сепак, повеќето од нас ја имаат изгубено способноста за задлабочување и ги минуваат деновите во френетично и магливо лутање меѓу е-поштата и социјалните медиуми, не сфаќајќи дека постои подобар начин.
Докажувајќи ја ползата од задлабочената работа, Кал Њупорт ни предлага четири правила за преобразување на умот и навиките. Нè запознава со многу интересни личности кои ја совладале уметноста на задлабоченото работење – од Карл Јунг, кој гради камена кула во шума за да го сосредоточи умот, до пионерот во социјалните медиуми кој купува повратен билет до Токио за да ја напише книгата без ништо да му пречи.
„Задлабочено работење“ е незаменлив водич за секој човек кој бара фокусиран успех во нашиот расеан свет.
Задлабочено работење
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Кал Њупорт
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
-
- 1 или повеќе 440 ден
Слични продукти
Остани безгрижен со Епиктет
Како да сфатам што зависи, а што не зависи од мене? Не ми оди од рака и не ме исполнува она што..
224 ден 280 ден
Година со Ентони де Мело
Запалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне! Секојдневни средби со Тони де Мел..
392 ден 490 ден
Мудар родител - среќно бебе
Бебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како..
450 ден 600 ден
Остани спокоен со Сенека
Се чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат. Се споредувам со другите и се чувств..
224 ден 280 ден
Ознаки: zadlaboceno rabotenje, kal njuport
