Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…

Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.

Во овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар. „Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Домашен фронт

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Кристин Хана
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 413 ден

Слични продукти

Палатата со магнолии

Њујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распа..

Автор:

390 ден 520 ден

Изгубената ќерка

Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..

Автор:

368 ден 490 ден

Синџирот

Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата ки..

Автор:

375 ден 500 ден

Замалек

Во срцето на Каиро, на островот среде Нил, со децении постоела антикварница преполна со најразновидн..

Автор:

293 ден 390 ден

Ознаки: domasen front, kristin hana