...Никој нека не ме смета безначајна и бессилна, ниту кротка, – јас сосем сум со друга природа…
Медеја е една од најпопуларните драми од антиката и бездруго најпрочуена од творештвото на Еврипид, која постојано доживува нови читања и реизданија. Во неа тој раскинува со традицијата, ги поткопува стереотипите и предрасудите и ја оспорува идеологијата на половите, се зазема за отфрлените и го предизвикува востановениот хеленски патријархален поредок и светоглед.
Приказната за убиството на сопствените деца, како одмазда за неверството на сопругот, е дел од современата имагинација и одигра важна улога во психоанализата, но и во правото, па и во политиката. Покрај честите продукции на сцените низ светот, Медеја е инспирација за огромен број нови верзии во сите уметности – во книжевноста и музиката, во филмската и ликовната уметност, во видеоигрите итн.
Што се случува кога луѓето на кои најмногу им верувате го погазуваат дадениот збор?
Фасцинантна и вознемирувачка приказна за тоа колку далеку е подготвена да оди жената за да се одмазди во машкиот свет.
Медеја
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Еврипид
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
200 ден
-
- 1 или повеќе 200 ден
Слични продукти
Џабе живиш у Скопје
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсур..
200 ден 250 ден
Пофалба на маќеата
Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали ..
245 ден 350 ден
