Мозаик од портрети на различни ликови, пишувани од женска или од детска перспектива, фатени во грч, во миг на преиспитување и соочување со сопствените мани и проблеми. Румена Бужаровска прави процеп на стварноста и од неа ги извлекува сите интимни драми на секојдневието.
Во новото издание на оваа збирка ќе се сретнете и со дел од нејзините рани раскази објавени во „Чкртки“. И тогаш и сега, со едноставен а богат јазичен стил, со проблеми од нашето општество а сепак универзални, Бужаровска мајсторски ги буди индивидуалците да се соочат со себе и да преземат одговорност за она што им се случува.
За да ги откорнеме негативните и дискриминаторски ставови, неправилните и неправедните навики, потребно е прво да се соочиме насамо со ликовите од овие раскази. Препознавајќи се во многу од нив, потоа со отворени очи и будна свест зачекоруваме кон новото утре.
„На читачката публика Румена Бужаровска ѝ е претставена како „новата надеж од Македонија“, како што потврдува оваа збирка раскази. Бужаровска пишува од јасна перспектива. Се запознаваме со неколку женски судбини, од кои некои се девојчиња, а други се млади, омажени жени. Линијата на женските судбини се заокружува со приказната за една старица. Најдоброто од Румена Бужаровска штотуку следува.“ - Беким Сејрановиќ
Осмица
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Румена Бужаровска
- Достапност: На залиха
- 280 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Толку долго патување
Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..
245 ден 350 ден
Избрани драми
Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен то..
350 ден 500 ден
Хармоникашот
Мемоарите на светски познатиот лидер Исак К. Адижес.Ова е книга која зборува за гледањето на секој п..
455 ден 650 ден
Темната соба
Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. Н..
245 ден 350 ден
Ознаки: osmica, rumena buzarovska
