Мрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.

Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.

Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сето тоа ќе ти го дадам

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Долорес Редондо
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден
  • 488 ден


  • 1 или повеќе 488 ден

Слични продукти

Куќната помошничка гледа сè

Порано чистев туѓи домови – а, сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа ..

Автор:

440 ден 550 ден

Дечкото

Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на..

Автор:

416 ден 520 ден

Варшавскиот протокол

Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“ и длабоко п..

Автор:

413 ден 550 ден

Некој близок

Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат...Кога осумгодишната Дејзи Мејсон ..

Автор:

336 ден 420 ден

Ознаки: seto toa kje ti go dadam, dolores redondo