„Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ. По огромниот успех што го доживува со „Дервишот и смртта“, романот што денес претставува симбол за неговото име, Селимовиќ во 1970 година го објавува „Тврдина“, кој на некој начин претставува роман близнак, огледален роман на „Дервишот и смртта“.

За ова свое дело Селимовиќ ќе истакне: „Тврдината е еден поширок симбол. Тоа е сè што ги одвојува луѓето: религијата, нациите, државите, убедувањата, предрасудите, сè во што се затвора поединецот и заедницата кон другиот. Во однос на книгата ’Дервишот и смртта‘, каде што е дадена димензија на омраза и страсти, во ’Тврдина‘ сакав да го покажам излезот од таа затвореност во која луѓето живеат одамна, па и денес. Може ли да се излезе од тврдината и од тврдините, можат ли луѓето поинаку да разговараат меѓу себе освен преку пушкарниците? Мојот главен јунак ги има сите услови да биде огорчен и затворен во себе и тој сепак се обидува да најде пат до другите луѓе. За него е неприфатлив каков било друг пат освен патот на љубовта.“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тврдина

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Меша Селимовиќ
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Небото

„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, раст..

Автор:

203 ден 290 ден

Преобразба

Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената с..

Автор:

245 ден 350 ден

Клара и сонцето

Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишиг..

Автор:

375 ден 500 ден

Темната соба

Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. Н..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: tvrdina, mesa selimovic