Шест лета за вљубување – еден миг за разделба. И еден викенд за исправка.
Персефони Фрејзер наместо да ги минува летата на езерскиот брег од своето детство, живее во стан во големиот град, излегува со пријателките и ги држи сите на безбедна оддалеченост од сопственото срце. Но тоа се менува по еден телефонски повик кој ја тера да поита назад во Берис Беј и во орбитата на Сем Флорек – човекот без кого мислеше дека не ќе може да живее.
Перси и Сем биле неразделни шест лета: замаени попладниња крај вода, топли летни ноќи работејќи во ресторан во период исполнет со книги – тој со учебници по медицина, таа пишувајќи кратки хорор-приказни. Нивното пријателство прераснало во нешто повеќе, нешто од кое застанува здивот, за потоа експлозивно да заврши.
Кога Перси се враќа кај езерото за да присуствува на погребот на мајката на Сем, нивната меѓусебна поврзаност е толку очигледна. Сè додека Перси не успее да се соочи со одлуките што ги донела, двајцата нема да дознаат дали меѓусебната љубов ќе им биде поголема од грешките во минатото.
Шест години и еден викенд: широк, сеопфатен поглед кон љубовта, кон луѓето и кон одлуките што нè обележуваат засекогаш.
Сите лета потоа
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Карли Форчан
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
413 ден 550 ден
Колекционер на повреди
Ме полеваше со сè што е потребно за опстанок, со сè лажно што го собра од светот злобен, а моите очи..
210 ден 300 ден
Ти треба само љубов
И покрај сите подеми и падови, мраз и темнина, неочекуваната љубов го полни срцето со среќа...
248 ден 330 ден
Ознаки: site leta potoa, karli forcan
