Што сè може да се случи за време на медениот месец кога одиш со твојот најголем непријател – романтична комедија на една од најпродаваните авторки на „Њујорк тајмс“.

Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен. Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка… дури успеа да ја финансира целата своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри. За Олив, единственото нешто што е полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот најголем непријател), Итан Томас.

Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со монтирана лажна насмевка на лицето. Но, се случува токму спротивното, свадбената забава тргнува на лошо за сите, освен за Олив и Итан. За да не пропадне добиениот меден месец на Мауи како награда, Олив ќе мора да се одлучи на привремено примирје со Итан за да ужива во рајот. На крајот на краиштата, вреди десет дена да се преправа дека е на меден месец, нели? Но, чудно е тоа што… Олив нема ништо против да се преправа. Всушност, колку повеќе се преправа дека е најсреќната жена на светот, толку повеќе се чувствува како да е... „МЕДЕН МЕСЕЦ“ е роман за секој оној што некогаш се почувствувал несреќен во љубовта.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Меден месец

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Кристина Лорен
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден


Слични продукти

Еднаш и Тогаш

„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да г..

Автор:

450 ден

Девојчински спомени

"Девојчински спомени" од Ани Ерно е уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минат..

Автор:

390 ден

Убавата султанка

Само таа знаеше како да ја разгори страста на најмоќниот и стана единствената Французинка – царица н..

Автор:

450 ден

Хеликоптерот

Бизнисмен, зависник од адреналин, новопечен татко и визионер. Секој од нив има своја причина да ..

Автор:

450 ден

Ознаки: meden mesec, kristina loren