Магична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.

Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.

Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.

Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.

„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“ - О магазин

„Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“ - Вашингтон пост

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кирка

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Мадлин Милер
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 400 ден


Слични продукти

Пилешка супа за душа

Во оваа книга авторите се потрудиле да ги соберат најинспиративните приказни од животот за секојднев..

Автор:

376 ден 470 ден

Последната книжарница во Лондон

Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..

Автор:

360 ден 450 ден

Невообичаен Велигден

Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството ..

Автор:

240 ден 300 ден

Се што заборавила Алиса

Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.&nbs..

Автор:

440 ден 550 ден

Ознаки: kirka, madlin miler