Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност. Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.
Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?
Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
Балерини
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Мирженка Чехова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Ние бевме среќните
Полска, 1939 година: семејството Курц и покрај скромната егзистенција одгледуваат три генерации за п..
336 ден 480 ден
Приказничар
"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво..
225 ден 300 ден
Клучот на Сара
Париз, 1942 година: Сара, десетгодишна Еврејка, е брутално упасена од француската полиција, зае..
315 ден 450 ден
Ознаки: balerini, mirzenka cehova
