Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов… Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација.
„Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее. Може да го чита кој како милува, но ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.
Девојката Смрт
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Луцие Фаулерова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Црната круна
„Интересно патување преку континенти и низ времето. Илија Магденоски создава атмосфера исполнета со ..
225 ден 300 ден
Не пукај Истанбул
Колку пати овој град пукал во сите нас…Некој конечно го бара познатиот истанбулски детектив Ремзи Ун..
375 ден 500 ден
Мистеријата на трите четвртини
Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгис..
300 ден 400 ден
Оки железо за магичното сечило
Митот стана реалност – по стотици, ако не и илјадници години, по земјата чекори човек кој ги поседув..
413 ден 550 ден
Ознаки: devojkata smrt, lucie faulerova
