Ти не знаеш што има таму. Никој не знае што има таму.
Третиот роман на Миодраг Мајиќ е пишуван со намера што е очигледна уште од првата реченица. Исповедта на Богдан Бањац можеби е вистинита, а можеби е плод на трауматизираната фантазија, но во секој случај е веродостојна на неговите сеќавања. Тој е поранешен адвокат што се наоѓа во санаториум и поради тоа неговите навраќања кон минатото можат да бидат земени со резерва од јавноста.
Сепак, читателот лесно станува негов сојузник, дури и кога нема да поверува во сè што кажува. Според приказната на Бањац, тој се наоѓа во средиштето на комплексна мрежа од интереси на крупниот капитал, политиката и на институциите… А рудникот богат со кобалт во селото на неговата баба наликува на премин кон некој друг, страшен свет, кој е пандан на ужасите што се случуваат во овој, нашиот свет.
Потреба за раскажување е последниот обид на Богдан да го реконструира минатото за да ја состави целосната слика за сегашноста и така да дојде до – вистината.
Рудникот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Миодраг Мајиќ
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Кога лажев за последен пат
Една мистерија и една вистина закопани под многу лаги се темел на овој брилијантен психотрилер што ќ..
375 ден 500 ден
Левораката дама
Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!Енола Холмс е во бег..
224 ден 280 ден
Ознаки: rudnikot, miodrag majikj
