Овој практичен и пред сè оптимистички советник, родителите ги запознава со навиките на најсреќните луѓе на светот.

Четириесет години Данска доминира на листата на земји во кои живеат најсреќните луѓе, додека тајниот чинител на нивната среќа сè уште не е откриен. Сепак, авторките на оваа книга тврдат дека конечно го имаат решението во своите раце: тајната на данската среќа е во тоа што родителите ги воспитуваат своите деца да бидат полни со самодоверба, дружељубиви, исполнети − и, се разбира − среќни. Се прашувате како?

На страниците на оваа книга ќе најдете разновидни, креативни и оригинални совети, како да:

− ја поттикнете слободната игра

− ја поттикнете автентичноста и самодовербата

− негувате емпатија

− го нагласувате тимскиот дух

− го прославите заедништвото

Со многу практични решенија за проблемите и со инспиративни примери, книгата Дански начин за воспитување деца им помогна на родителите ширум светот, без разлика на културата и начинот на живот, да воспитаат среќни, добро приспособени деца.

„Моќен воспитен метод… отпорни, емоционално сигурни и среќни деца – со други зборови, токму она кон кое сите тежнееме“, бележи списанието Mother

„Би ја препорачала оваа книга на секој којшто себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот“, пишува Малене Ридал, данска амбасадорка на добра волја

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Дански начин за воспитување деца

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Ибен Дисинг Сандал, Џесика Џоел Александер
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 344 ден


Слични продукти

Вашето компетентно дете

„Исклучителна и важна книга! Јеспер Јул им нуди на родителите прекрасен, едноставен и целосно возбуд..

Автор:

280 ден 350 ден

Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете

За мудриот човек секој нов ден значи нов живот.Како да ја планираме и направиме поубава иднината, бе..

Автор:

320 ден 400 ден

Храброста да се биде свој

Ако не го живеете својот живот за себе, тогаш кој ќе го живее за вас? Дали среќата е нешто што ..

Автор:

360 ден 450 ден

Да се смислува и да се талка

Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, за..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: danski nacin za vospituvanje deca, iben dising sandal, djesika djoel aleksander