Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.
Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.
Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.
Терапија
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Себастијан Фицек
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
285 ден
-
- 1 или повеќе 285 ден
Слични продукти
Убиства со монограм
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се д..
300 ден 400 ден
Длабоко во ноќта
Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш....
413 ден 550 ден
Ознаки: terapija, sebastijan ficek

