Една обична жена нема да дозволи ништо да ја запре да ги пронајде исчезнатите луѓе кои остатокот од светот ги има заборавено.
Френки Елкин е просечна средовечна жена, зависничка од алкохол во фаза на лекување, со куп нешта во животот за кои се кае. Но сега го поминува времето правејќи го она што никој друг не го прави – бара исчезнати луѓе кои светот престанал да ги бара. Кога полицијата се откажува, кога јавноста заборава, кога медиумите престануваат да обрнуваат внимание, тогаш Френки почнува да бара.
Нов случај ја води во бостонско соседство со лоша репутација. Ја бара Анжелик, тинејџерка со потекло од Хаити, која исчезнала од своето средно училиште пред неколку месеци. Отпорот на бостонската полициска станица и семејството на жртвата ѝ даваат до знаење дека е препуштена сама на себе . Но ништо нема да ја спречи да ја открие вистината, па макар тоа значело следната исчезната личност да биде лично таа.
Пред таа да исчезне
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лиса Гарднер
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
Слични продукти
Шепни ми нешто
Таа и нејзината другарка којашто ја има измислено се неразделни. Но, дали таа е жената која ја води ..
384 ден 480 ден
Мемоарите на Шерлок Холмс
Втората книга од приказните за Шерлок Холмс содржи дел од најдобрите авантури на најпознатиот детект..
280 ден 350 ден
Ознаки: pred taa da iscezne, lisa gardner