Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на жените пред да почне да се изживува над нив…
Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но, ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“: жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат. Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство. Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев.
Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…
Ловец на очи
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Себастијан Фицек
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
472 ден
-
- 1 или повеќе 472 ден
Слични продукти
Совршениот син
„Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое ..
400 ден 500 ден
По погребот
Покојниот Ричард Абернети нема јасен наследник на неговиот имот, така што остава тестамент за поделб..
304 ден 380 ден
Убиството на Роџер Акројд
Кога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот д..
304 ден 380 ден
Тајната аптека
1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел..
315 ден 450 ден
Ознаки: lovec na oci, sebastijan ficek
