Меланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.

Во 1912 г. 18-годишниот Едвин Сент Џон Ендру поради една непримерна изјава е протеран од своето богато семејство. Шетајќи низ шумата на малото место во кое престојува, одеднаш слуша чудни звуци на виолина. Во 1994 г. 12-годишната Винсент Смит снима мистериозно видео во шумата во близина на својот дом. Во 2020 г., по смртта на Винсент, нејзиниот брат композитор го прикажува ова видео на својот концерт. Во 2203 г. Олива Луелин ги остава сопругот и ќерката во домот на втората Месечева колонија, место со бели камења, шилести кули и артифициелна убавина, и оди на Земјата на турнеја со својот роман за пандемијата. Во него има еден чуден пасус: човек свири на виолина во густа шума кога се случува нешто необјасниво.

За да открие како овие луѓе се поврзани и зошто ги слушаат истите звуци на виолина, детективот Гаспери Робертс мора да тргне на патување низ времето. Таму согледува можност да направи нешто извонредно, што ќе ја наруши временската рамка на универзумот. Но што ако нивната реалност е само симулација?

„Обединувајќи научна фантастика и одлична нарација, авторката на овој замислен свет истражува како технологијата може да ни ја контролира судбината ако заборавиме да сочувствуваме.“ - Пипл

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Море на спокојството

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Емили Сент Џон Мандел
  • Достапност: На залиха
  • 360 ден
  • 288 ден


  • 1 или повеќе 288 ден

Слични продукти

Требаше да си одиш

Во „Требаше да си одиш“ еден млад сценарист, заедно со својата сопруга и со петгодишната ќерка, оди ..

Автор:

154 ден 220 ден

Џинот што си ја изгуби приказната

Романот „Џинот што си ја изгуби приказната“ е автобиографија за детството и младоста на момчето што ..

Автор:

225 ден 300 ден

2 години, 8 месеци и 28 ноќи

Откако Њујорк ќе биде погоден од силна бура, границата меѓу световите ќе биде пробиена и започнува е..

Автор:

462 ден 660 ден

Ваби - Саби

Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.С..

Автор:

256 ден 320 ден

Ознаки: more na spokojstvoto, emili sent djon mandel