Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?

Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината. Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.

Која беше таинствената жена?

И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Понуда од џентлмен

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Џулија Квин
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Еден ден во Декември

Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите. Но, еден снежен ден ..

Автор:

323 ден 430 ден

Момент на неизбежното

Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си и..

Автор:

368 ден 490 ден

Спротивни светови

Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..

Автор:

413 ден 550 ден

Свадба во декември

За Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејств..

Автор:

392 ден 490 ден

Ознаки: ponuda od djentlmen, djulija kvin