И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султанот…
Ејме и нејзината братучетка, Роуз, тинејџерскиот живот го поминуваат на Карибите. Кога двете паѓаат во искушение и одат кај жена која може да им ја предвиди судбината, дознаваат дека и двете се предодредени да станат кралици.
По извесно време Ејме е испратена во Франција да најде сопруг. Но, за жал нејзините надежи се уништени. Таа толку многу се разочарува што сака да се замонаши. Пред да оди во манастир, одлучува да се врати дома и за последен пат да ги посети своите најблиски. На патувањето кон дома Ејме запознава млад господин и веднаш се вљубува. Но, судбината има други планови за неа – оние кои ѝ ги претскажа видовитата жена. И пророштвото се остварува. Таа е киднапирана од алжирски пирати и дадена на султанот на Отоманската империја како „Девојка за подарок“ во харемот, каде што треба да се соочи со интригите и злото што се кријат под егзотичната убавина и раскошот.
Вистинска приказна за исполнувањето на неверојатното предвидување кое ја запечати судбината на две братучетки кои застануваат на две најмоќни империи.
Убавицата од харемот
- Издавачка куќа: Книгохоличари
- Автор: Зија Весли
- Достапност: На залиха
- 470 ден
-
329 ден
-
- 1 или повеќе 329 ден
Слични продукти
Последното што тој ми го кажа
Бестселер бр. 1 на "Њујорк тајмс"„Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“), мистерија за..
263 ден 350 ден
Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав
Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што зн..
315 ден 450 ден
Тајните на среќниот живот
Во виорот на војната една млада жена е на крстопат. Тоа што ќе го направи ќе ја прогонува до крајот ..
413 ден 550 ден
Ознаки: ubavicata od haremot, zija vesli
