Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства Фицпатрик ќе го одведе до вратата на медицинскиот патолог доктор Луси Траск. Ниту детективот, ниту докторката не знаат зошто таа го привлекла вниманието на убиецот. И додека се обидуваат да откријат, мртвите тела продолжуваат да се натрупуваат, а Луси може да стане следна застрашувачка жртва во низата.
Додека се откриваат страшните детали за злосторствата на убиецот, полека почнува да зоврива и привлечноста помеѓу патологот и детективот. Меѓу тајните кои секој од нив ги крие и професионализмот што мора да го задржат, на прв поглед изгледа неверојатно дека Луси и Фицпатрик може да развијат љубовна врска. Минатото на Луси, кое се заканува да и ја уништи иднината и решителноста на злосторникот да ја изврши одмаздата до крај ја исполнуваат секоја страница со драма што ги смрзнува коските...
Овој роман е мајсторска мешавина на неизвесност и романса. Детективот Фицпатрик и доктор Луси Траск играат по страниците со симфониска совршеност. Секундарните карактери како партнерите, семејството и пријателите додаваат богати сцени и се средиште на приказната...
Ми припаѓаш мене
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Карен Роуз
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Ќе го најдам клучот
Дојде време да се дешифрира неверојатно брилијантната мистерија на едно убиство од Алекс Андорил, но..
315 ден 420 ден
Убиј го таткото
Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…Данте Торе поминал единаесет г..
416 ден 520 ден
Ознаки: mi pripagjas mene, karen rouz

