Стокхолм, 1793 год: Четири години по падот на Бастилја и една година по убиството на кралот Густав III, Шведска тоне во хаос, сиромаштија и епидемии. Тензиите меѓу сиромашните и богатите се заоструваат и доволна е искра за да се разгори револуцијата. И токму пред почетокот на најстудената зима во осумнаесеттиот век, во езерото Фатбурен ќе биде откриено мртво тело. Иако сите се згрозени од суровото убиство, единствените што ќе се нафатат да го истражуваат случајот се еден правник болен од туберкулоза и еден поранешен војник измачуван од траумите на војната.
„1793“ е вешто изработена комбинација од историски роман, готска фикција и трилер. Преку четири раскажувачки перспективи, Никлас Нат о Даг гради возбудлива приказна која не е само класична потрага по убиецот, туку и трка со смртта и разобличување на идеализираната слика на минатото.
„Преполн со неочекувани пресврти и незаборавни ликови, 1793 потсетува на романите на Умберто Еко и на приказните за Шерлок Шолмс.“ - Вашингтон пост
„Ова е возбудлива, морничава, паметна и убава приказна. Читањето е како мал подарок за читателот.“ - Фредрик Бакман
„1793 е прекрасна комбинација на историски роман и трилер, одлично доловувајќи го духот на XVIII век и поставувајќи заплет што потсетува на најдобрите детективски романи.“ - Паблишерс викли
1793
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Никлас Нат о Даг
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
273 ден
-
- 1 или повеќе 273 ден
Слични продукти
Еленор Олифант е океј
Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си им..
320 ден 400 ден
Прашајте ја Миичка
Сестрите Миичка и Лиличка одлучуваат животот да го стават на пауза и летото да го поминат во селскат..
266 ден 380 ден
Островот на пеликаните
Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..
300 ден 400 ден
Ознаки: 1793, niklas nat o dag
