На почетокот на XVII век, кога историјата и митологијата сè уште се преплетени, кога сè уште не постои јасна граница меѓу магијата и науката, кога сè што знаат луѓето се гладот и војната, на сцената на опустошената Европа стапува Тил, комедијант, акробат и дворски шут. Започнувајќи го своето патешествие од едно мало германско село, па стигнувајќи сè до кралските дворови на големите владетелски династии, Тил се обидува да ги открие големите загатки на животот за љубовта, моќта, знаењето, среќата, а притоа, сосем случајно, ја открива бесмртноста.
Инспириран од фолклорните приказни за легендарниот Тил Ојленшпигел, Даниел Келман во својот најнов роман гради една суптилна и сложена приказна која балансира на границите на реалноста и ја преиспитува моќта на книжевноста. Тил е брилијантно дело на еден од најзначајните современи европски автори и, несомнено, досега најдобриот роман на Келман.
„Тил е брилијантен и незаобиколен роман. Келман ја продолжува германската традиција на раскажување приказни која досегнува сè до браќата Грим, па и подалеку.“ - Салман Ружди
„Во овој извонредно напишан роман, Келман вешто се движи низ најмрачните човекови искуства. Резултатот е волшебно сеќавање на една безимена душа изгубена во европското минато, чијшто шепот најдобро се слуша во митовите.“ - Њујорк тајмс
Тил
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Даниел Келман
- Достапност: На залиха
- 410 ден
-
287 ден
-
- 1 или повеќе 287 ден
Слични продукти
Сеќавања, соништа, мисли
Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр.Додека стандардната..
350 ден 500 ден
Образована
Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докт..
400 ден 500 ден
Како да станеш фриленс артист
Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..
315 ден 450 ден
Скриени желби, немирни патувања
„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се..
225 ден 300 ден
Ознаки: til, daniel kelman
