Наближува Божиќ и десетгодишната Јас е загрижена за својот зајак, зашто мисли дека нејзините родители сакаат да го зготват за божиќната вечера. Затоа, Јас ќе посака наместо зајакот, да умре нејзиниот најстар брат Матис. Кога желбата ќе ѝ се исполни, целокупниот свет на Јас и на нејзиното семејство ќе биде распарчен и втурнат во мракот на безнадежноста.
Мачен и вознемирувачки, „Неугодноста на квечерината“ е роман за обидите да се соочиме со тагата, загубата и бесмислата што проголтува сè. Комбинирајќи префинет, поетски стил и брутални сцени, Марике Лукас Рејнефелд се обидува да ја употреби моќта на книжевноста за да го вознемири читателот и да го соочи со емотивниот понор на ликовите.
„’Неугодноста на квечерината’ е мрачна приказна за распадот на едно традиционално семејство погодено од смрт на дете. Романот ја користи оваа основа за да пренесе шокантни сцени на насилство и длабинско психолошко портретирање на ликовите.“ - Њујорк Тајмс
„’Неугодноста на квечерината’ е напишан со прекрасен и течен, речиси треперлив стил кој не ви дозволува да ја оставите книгата и покрај срцето на темнината во кое таа ве вовлекува.“ - Гардијан
Неугодноста на квечерината
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Марике Лукас Рејенфелд
- Достапност: На залиха
- 290 ден
-
203 ден
-
- 1 или повеќе 203 ден
Слични продукти
Клара и сонцето
Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишиг..
400 ден 500 ден
Госпоѓицата
Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.Деј..
263 ден 350 ден
Собрани раскази
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во тво..
525 ден 700 ден
Ајде да јадеме : Вкусни и посни рецепти за секој ден
Откријте ја магијата на здравата и вкусна исхрана со овој уникатен посен готвач, кој претставува вис..
552 ден 690 ден
