Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години.
Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото. Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате. Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни.
Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки?
Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца. Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени. Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.
Мудар родител - среќен тинејџер
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Хедвиг Монтгомери
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Манифестирај!
„Сигурна сум дека некој некогаш ви кажал дека не можете да имате сè. Јас сум тука да ви кажам дека м..
392 ден 490 ден
Ментална хигиена
Менталното здравје и менталната хигиена се сложени научни проблеми. Овде ќе прочитате кој е концепто..
350 ден 500 ден
Ти си ѕвер за правење пари
„Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ ..
392 ден 490 ден
Монтесори за деца
„Монтесори за деца“ е една од најреномираните книги посветени на прочуениот педагошки и образовен пр..
600 ден 800 ден
