Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
Слични продукти
Плејлиста
Музиката е нејзиниот живот, а петнаесетте песни одлучуваат колку ќе биде долг.Пред еден месец, петна..
590 ден
Фрагменти од слики
Там е 11 годишно девојче. Таа иако никогаш немаше покажано интерес за визуелна уметност, цртежите ко..
420 ден
Ирене
Командант Верховен живее идиличен живот со неговата прекрасна сопруга Ирене и очекуваат дете. Негова..
460 ден
Колку покрваво
Од број еден авторот на бестселери на „Њујорк тајмс“, легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикц..
570 ден
Ознаки: paketot, sebastijan ficek

