Тој е сè што таа се заколна да избегнува.

И покрај тоа што неизмерно го обожава своето необично семејство, Попи Хатавеј копнее по нормален живот. Но судбината има друга замисла и со помош на малата палава ласица ја запознава со Хари Ратлеџ, загадочниот сопственик на хотел и моќен, богат изумител. Паѓајќи во неговата стапица, угледот ѝ е загрозен и сите се изненадени кога го прифаќа неговиот предлог за брак. Наскоро открива дека нејзиниот сопруг е подготвен да ѝ ја подари сета своја страст, но не и довербата…

А таа е сè што му е потребно.

Хари би направил сè за да ја освои Попи – освен да ѝ го отвори срцето. Свикнал самиот да го носи сиот свет на плеќите без да оствари поголема блискост со другите… но остроумната и заводлива Попи сака да му биде вистинска сопруга во секој поглед. Сепак, додека страста се распламтува меѓу нив со секој изминат ден, во сенките се крие непријателот. Ако Хари навистина сака да ја задржи Попи, мора да го спушти гардот и целосно да ѝ се препушти на љубовта, еднаш и засекогаш.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Намами ме во самрак

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Лиса Клејпас
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Војна и љубов

1917 год. Првата светска војна е во својот зенит, кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една за..

Автор:

416 ден 520 ден

Најсветлото зајдисонце

Портер Рис е вдовец и татко на две дечиња кој не може да го заборави хоророт кога за влакно ќе ги из..

Автор:

293 ден 390 ден

Виконтот кој ме сакаше

"1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Б..

Автор:

338 ден 450 ден

Танцувај со мене

По долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите с..

Автор:

390 ден 520 ден

Ознаки: namami me vo samrak, lisa klejpas