Три навидум обични жени ќе направат нешто што е сосем необично.
Дваесет и тригодишната Скитер се враќа дома по дипломирањето на Универзитетот на Мисисипи. Можеби донела диплома, но тоа е 1962 година и мајка и нема да биде задоволна додека не види прстен на раката на ќерка си. Скитер би побарала утеха кај својата мила слугинка Константина, но таа исчезнала од светот под таинствени околности. Ејбилин е црна слугинка, мудра жена со достоинствено однесување, која го одгледува своето седумнаесетто бело дете. Нешто се скршило во неа откако и загинал саканиот син, а нејзините работодавци воопшто не трепнале поради тоа. Предано го одгледува девојчето што и е доверено, иако знае дека на двете им е скршено срцето.
Мини, најдобрата пријателка на Ејбилин, е дебела и ниска жена со најдолгиот јазик во Мисисипи. Надалеку е позната како извонредна готвачка, но со својот јазик е во состојба да „зготви“ големи неволи поради кои платила со едно отпуштање од работа. Нова работа ќе најде кај луѓе кои од неодамна живеат во градот и не слушнале ништо за нејзиниот лош углед. Но и тие имаат свои тајни. Навидум сосем различни, приказните на трите жени се испреплетуваат додека тие тајно се среќаваат и ставаат на коцка се што имаат за да се ослободат од задушливите граници што им ги определуваат нивниот град и времето во кое живеат. Зашто границите некогаш постојат токму за да бидат пречекорени...
Овој безвремен бестселер до денес е објавен во 35 земји, продаден е во повеќе од седум милиони примероци и поминал повеќе од сто недели на листата на бестселери на Њујорк тајмс. Трогателен роман што зрачи хумор и надеж, Слугинки е безвремена и универзална приказна за правила на кои им се покоруваме и правила што едноставно мора да ги заобиколиме...
Слични продукти
Љубов во книжарница
Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаа..
336 ден 420 ден
Изгубената ќерка
Дали би се оддалечиле од сопственото дете само за да му овозможите спокоен живот? Кога срцето н..
376 ден 470 ден
Девојчински спомени
"Девојчински спомени" од Ани Ерно е уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минат..
312 ден 390 ден
Споменот на него
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..
392 ден 490 ден
Ознаки: sluginki, katrin stoket

