На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?
Смртта секогаш нè фрла во ладна вода, која е длабока и во која не знаеме да пливаме. А тогаш како единствен спасител ни доаѓа тагата. Таа исто како и другите емоции си го бара својот дел од вниманието. Што се случува доколку ја игнорираме? Расте! И како мала снегулка тркалајќи се од врвот на планината може да нè поклопи како снежна лавина кога најмалку очекуваме.
Четиринаесетгодишната Мелек прерано ги запознава смртта и разделбата, па мора да гази само врз рушевините на нејзиното навидум среќно семејство. Откривајќи го својот вистински идентитет, лута на сите, го напушта своето родно место и по вина на нејзиниот брат Нихат заминува во пеколот. Нихат е западнат во неволји, и не можејќи да се грижи и за неа, ја мажи за богат, но постар човек. Сама и исплашена, без право да одлучува, останува да живее туѓ живот. Иако несреќна, му носи среќа и две рожби на својот сопруг, кој неизмерно ја сака. Се помирува со нејзината судбина сè до еден ден кога се чувствува толку моќна да го преземе животот во свои раце.
Каде сè ќе ја однесе оваа одлука старата Мелек и новата Клеа? Ќе успее ли да ја стопи снегулката тага, или ќе ја поклопи снежната лавина? Ќе може ли сама да се избори со минатото за некогаш вистински да љуби?
Вилинско коњче
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Илина Јовановиќ Јаковчевска
- Достапност: In Stock
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Последното што тој ми го кажа
Бестселер бр. 1 на "Њујорк тајмс"„Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“), мистерија за..
263 ден 350 ден
Лето во Тоскана
Полина Фонтана е жизнерадосна старица, која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но,..
400 ден 500 ден
Мајка од магла
Млада девојка од село од Прилепско, намачена од работа, сонува за подобар живот во главниот град, ка..
224 ден 320 ден
