Ова е возбудлива биографска приказна за очајната битка на Ники Круз против дрогата, алкохолизмот и насилното опкружување, додека тој бараше подобар начин на живот на улиците од Њујорк.

Ники имал само три и пол години кога неговото срце се претворило во камен. Како едно од осумнаесетте деца родени од родители кои практикуваат вештерство, крвопролевањето и хаосот биле вообичаени појави во неговиот живот. Тој претрпел тешко физичко и психичко малтретирање од родителите. На 15 години, таткото на Ники го испратил кај еден од постарите браќа во Њујорк. Ники не останал долго со својот брат, туку избегал и на шеснаесет-годишна возраст станал член на озлогласената улична банда во Бруклин, позната како Мау Маус. За шест месеци тој станал нивни претседател.

Ники бестрашно владеел со улиците како воен лидер на една од бандите од кои најмногу се плашат ривалите и полицијата. Изгубен е во циклусот на дрога, алкохол и брутално насилство. Како што расте репутацијата на Круз, така растат и неговите опседнувачки кошмари, но и сè почестите апсења и посети на психијатар. Неговиот живот забрзано се движи по удолница предвидувајќи му затвор или електрична столица. Но еден ден Ники Круз и неговиот живот се промениле. Во текот на неговиот живот спасил и сè уште спасува илјадници млади луѓе од лошиот живот на улицата.

Што се случило за да дојде до таква трансформација?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Трчај мали, трчај

  • Издавачка куќа: Збор
  • Автор: Ники Круз
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден
  • 280 ден


  • 1 или повеќе 280 ден

Слични продукти

Сите соништа на светот

Втор дел од прекрасната сага за љубовта и пожртвуваноста во време на војна. Во 1945 година, Втората ..

Автор:

338 ден 450 ден

Мостот на Клеј

Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мај..

Автор:

293 ден 390 ден

Уметноста на соблекувањето

“Во оваа пикантна драма за готвење, стриптиз и семејни вредности, Леман покажува дека љубовта ги поб..

Автор:

349 ден 499 ден

Последната книжарница во Лондон

Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..

Автор:

315 ден 450 ден

Ознаки: trcaj mali trcaj, niki kruz