Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на Миљенко Јерговиќ патува со авион низ целиот свет цели триесет години. Се вика Бабукиќ, а во светот тргнува со почетокот на нашата последна балканска војна. Бега од Загреб, од работата во ЈНА и од трудната љубовница, преку Љубљана, некаде далеку, што подалеку. Веќе на првиот лет за Франкфурт, стекнува чудна дарба да го научи секој јазик веднаш штом ќе го слушне и сите – од цариници и стјуардеси до обични патници – неизмерно да му веруваат.
Авантурите на Бабукиќ се споредливи само со оние на Дон Кихот. Обиколувајќи го светот безброј пати, а никогаш не излегувајќи од аеродром или од авион, тој внимателно ги слуша неверојатните приказни на луѓе од сите раси и религии – од дагестанската вештерка, преку шведскиот антрополог Олсон, до Динко Микуличиќ, синот на најпознатиот убиец на УДБА, со кого на белградскиот аеродром ќе го дочека крајот на светот.
„Ветрогонот Бабукиќ и неговото време“ е современ пикарски роман, кој ги отсликува нашите стравови, немири, опседнатоста со секс, озборување и алкохол. Јерговиќ напишал дело во кое неговиот лик, истовремено грижлив и суетен, плашлив и храбар, е вистински херој на нашето време.
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Миљенко Јерговиќ
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Детето во снегот
Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“...
140 ден 200 ден
Ада или жар
„Ада или жар“ е книжевна провокација што ги доведува во прашање темелите на романот како жанр, но и ..
368 ден 525 ден
Крајпатни знаци
Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, о..
525 ден 700 ден
Ознаки: vetrogonot babukikj i negovoto vreme, miljenko jergovikj
