Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.
Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли. Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.
Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.
Да се смислува и да се талка
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Џеф Безос, Волтер Ајзаксон
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Мудар родител - Умешноста на заедничкото родителство
Меѓународната сензација, серијата „Мудар родител“, е преведена во 24 држави!Авторката на најкоментир..
600 ден 800 ден
Монтесори за деца
„Монтесори за деца“ е една од најреномираните книги посветени на прочуениот педагошки и образовен пр..
600 ден 800 ден
Возрасни деца од емоционално незрели родители
Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно дру..
360 ден 450 ден
Како размислуваат парите
Меката димензија на парите, која не се гледа, може да ве направи навистина богат човек.Старото сфаќа..
360 ден 450 ден
Ознаки: da se smisluva i da se talka, zbirka razmisli od djef bezos, збирка размисли од џеф безос, djef bezos, volter ajzakson
