Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.
„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.
Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.
Егото е непријател
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Рајан Холидеј
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Добри однатре
Доктор Беки Кенеди, психолог и популарен експерт за родителство, го споделува својот револуционерен ..
440 ден 550 ден
Година со Ентони де Мело
Запалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне! Секојдневни средби со Тони де Мел..
392 ден 490 ден
Животот, што самиот си го избрав
Што е воопшто живот, и зошто за секој поединечен човек тој се обликува толку различно? Габриеле, про..
133 ден 190 ден
Возрасни деца од емоционално незрели родители
Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно дру..
360 ден 450 ден
Ознаки: egoto e neprijatel, rajan holidej
