Билјана е родена, растена, воспитувана и мажена во македонско планинско и зафрлено село. Физичката сила со која ја надарил Господ максимално се искористува од страна на семејството и селскиот живот, а емоциите и другите квалитети на оваа жена се до крај потиснати. Убедена е дека едноличните денови и служењето на другите околу себе се сè што таа ќе доживее.
Нејзиниот еднобоен живот неочекувано го зацрнува тешко понижување. Дека и таа е живо човечко суштество открива тогаш кога единственото зрно достоинство ѝ е згазено под нозе. Додека мисли дека однатре умрела, имајќи само една единствена причина да се обиде да продолжи да живее, таа почнува да се однесува како ранета лавица. Токму тоа крварење на нејзината душа е почетокот на патот до нејзина тотална трансформација. Промените што ќе излезат низ нејзините стиснати заби ќе направат да не можете да ја споредите оваа жена со неа самата на почетокот и на крајот од романот.
Умрев за да оживеам
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Габриела Давидовска - Баниќ
- Достапност: In Stock
-
320 ден
Слични продукти
Продавачот на сладолед
Барајќи спас, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во пр..
400 ден
Одмаздата на Тудорите
Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù п..
550 ден
Долга реса крај морето
Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..
450 ден
Првиот универзитетски ден на мојата ќерка
Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една о..
320 ден
