Хипотеза: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.

Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.

Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност. Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.

„Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“ - Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Љубовна хипотеза

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Али Хејзелвуд
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Мојот неодолив сосед

Првата ноќ откако Керолајн се вселува во нејзиниот фантастичен нов стан во Сан Франциско, таа сфаќа ..

Автор:

420 ден

Убавата султанка

Само таа знаеше како да ја разгори страста на најмоќниот и стана единствената Французинка – царица н..

Автор:

450 ден

Првата вечерна ѕвезда

Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот ..

Автор:

440 ден

Формула за сродна душа

Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК?Џес Дејвис е волшебник кога станува збор за обработување ..

Автор:

490 ден

Ознаки: ljubovna hipoteza, ali hejzelvud