Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан - мало приватно интернатско училиште во срцето на Норфок - е стаписувачки настан, што директорот од се срце се обидува да го нарече трагичен инцидент. Меѓутоа, локалната полиција не може да исклучи насилство, па случајот го забрзува враќањето на познатиот детектив инспектор Џезмин „Џез“ Хантер во редовите на полициските сили. Таа има свои лични причини поради кои ја напуштила кариерата во Лондон, па неволно се согласува да ја води истрагата, правејќи му услуга на својот поранешен шеф.
Одново рамо до рамо со лојалниот наредник Алистер Мајлс, таа влегува зад затворените врати на училиштето. Но, по започнувањето на истрагата поврзана со околностите околу трагичната смрт на Чарли Кевендиш, настаните наскоро добиваат нов, вознемирувачки пресврт. Вработените ги збиваат своите редови, ама исчезнувањето на младиот ученик Рори Милер и смртта на еден од постарите професори и откриваат важни траги на Џез, коишто понатаму ја усложнуваат полициската истрага. И, кога снегот почнува да го побелува пејзажот и откако ќе исчезне уште еден осомничен, Џез ќе мора да се соочи со сопствените демони.
И потоа, едно особено мрачно откритие ја претвора истрагата во најпредизвикувачкиот случај во нејзината кариера. Затоа што Флит хаус крие толку мрачни тајни, што дури ни Џез не можела да ги замисли...
Убиствата во Флит хаус
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Лусинда Рајли
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Убиствата во Сон
Експертка за говор на телото и сеќавања, и консултантка на полицијата во Осло, психологинката Кари В..
323 ден 430 ден
Распарчени
Пајпер Мекена не можеше да биде повозбудена што нејзиниот „изгубен“ брат Риф се врати во Јенси, Алја..
413 ден 590 ден
Само таа остана
Сите мислат дека Ленора Хоуп е убиец.Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единственат..
375 ден 500 ден
Ознаки: ubistvata vo flit haus, lusinda rajli
