Најдобрата романса во светот за 2021 година според распределбата на гласовите на половина милион гласачи.

Попи и Алекс. Алекс и Попи. Тие двајца немаат ништо заедничко. Таа отсекогаш била диво дете; тој носи каки панталони и карирани кошули. Таа е ненаситна за лутање и шетање по светот; тој повеќе би сакал да седи дома со добра книга. Сепак, некако, уште од едно судбоносно заедничко патување до дома од факултет пред многу години, тие се нај-најдобри пријатели. Најголемиот дел од годината го поминуваат одвоени – таа живее во Њујорк, а тој во нивниот мал роден град – но секое лето во изминатата декада одат на прекрасен одмор заедно.

Односно, до пред две години, додека не уништиле сѐ. И оттогаш не разговараат.

Попи има сѐ што би можела да посака, но заглавена е во монотона рутина. И кога нејзината пријателка ја прашува кога последен пат била вистински среќна, таа без ронка сомнеж знае дека тоа било на последното, „фатално“ патување со Алекс. Па така одлучува да го убеди својот најдобар пријател да отидат на уште еден одмор заедно – да ги стават сите карти на маса и да ги поправат работите. И за чудо, тој прифаќа. Сега таа има една недела да поправи сѐ. Само кога би можела да ја игнорира големата вистина која отсекогаш се криела во нивната навидум совршена врска.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Луѓето кои ги среќаваме на одмор

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Емили Хенри
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

На плажата Чесил

Во 1962 година, Флоренс и Едвард го прославуваат почетокот на својот меден месец во еден хотел покра..

Автор:

273 ден 390 ден

Јуда

Уште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на чо..

Автор:

263 ден 350 ден

Моцарт 2.0

„Моцарт 2.0“ е роман за Волфганг Амадеус Моцарт, кој умира во 1791 година во Виена, но се буди во 20..

Автор:

259 ден 370 ден

Ловец на спомени

„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна прика..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: lugjeto koi gi srekjavame na odmor, emili henri