Застрашувачка приказна за Јозеф К., банкарски службеник што ненадејно е уапсен и мора да се брани од обвинение за кое не може да добие никакви информации.

К. полни триесет години на денот кога во неговиот стан пристигнуваат лицата што треба да го уапсат. Во период што следува тој сè повеќе се заплеткува во невидливата мрежа на еден необјаснив процес. Движејќи се низ лавиринтската мрежа на стапиците на системот, продолжува да се однесува на начин што го прави да изгледа сè повиновен. Јозеф К. станува симбол за вознемиреноста и чувството на отуѓеност на модерното време и за борбата на обичниот човек против неразумниот авторитет.

Напишан во период од јули 1914 до јануари 1915 година, овој роман се совпаѓа со најважните случувања во животот на Кафка, но и со европската историја и почетокот на Првата светска војна. Објавен е во 1925 година.

„Процес“ е едно од најважните книжевни дела на XX век, со кое почнува нова ера во светската историја на литературата.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Процес

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Франц Кафка
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден
  • 300 ден


  • 1 или повеќе 300 ден

Слични продукти

Оправдание на Островот

Дејството се одвива на остров што го нема на картата, но никој не се сомнева во неговото постоење. Т..

Автор:

338 ден 450 ден

Сидарта

Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!„Сидарта“ е еден од на..

Автор:

200 ден 250 ден

Продавачката

Јас сум резултат на светот околу мене, а светот околу мене постојано се менува...„Продавачката“, ром..

Автор:

240 ден 300 ден

Мостот на Дрина

Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: proces, franc kafka