Крајот на една војна навестува искуства на нови страдања, а секојдневието во кое борбата за преживување не остава многу простор за промена, ја покажува сета комплексност на човековото постоење, згусната во поетска, па дури и митска слика за крајот на просторот и времето.
Во краткиот роман „Прослава“ низ четири приказни, исполнети со симболи и изградени според митска матрица, се доловени четири клучни епизоди од животот на главниот лик. Каракаш пишува во модернистички стил, заснован на лирски описи и алузии, карактеристичен за јужнословенските литератури од средината на XX век, односно за времето во кое е сместено дејството на романот. Фрагментарно раскажаните настани во романот го сликаат осамениот и суров секојдневен живот во едно изолирано планинско село, но прозата на Каракаш допира универзални теми кои се исклучително релевантни за современиот читател.
„Мрачно и опојно четиво на книжевниот волшебник од Лика.“ - Нови лист
„Каракаш ја пишува ‘Прослава’ на начин и во духот на врвните дела на нашата модернистичка книжевност од повоените децении и од времето во кое јужнословенските писатели го откриваа Сартр и францускиот егзистенцијализам.“ - Милјенко Јерговиќ, „Јутарњи лист“
„’Прослава’ е ремек-дело на досегашниот опус на Каракаш, значаен настан во современата хрватска книжевност.“ - Вјенац
Прослава
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Дамир Каракаш
- Достапност: На залиха
- 220 ден
-
154 ден
-
- 1 или повеќе 154 ден
Слични продукти
Железно небо
Ова е прв роман на Марјан Георгиевски, битолскиот актер и еден од првите стенд-ап комичари кај нас, ..
280 ден 350 ден
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Генијот и божицата
Џон Риверс, студент по физика, добива ретка шанса да биде асистент на брилијантниот професор Хенри М..
245 ден 350 ден
Ознаки: proslava, damir karakas
