Кишот e средовечен патувачки трговец со лекови и зависник од телевизиски емисии, кој тргнува на пат низ Америка со својот (измислен) син Санчо. Додека се бори да ја освои љубовта на мис Салма Р, се вплеткува во низа трагикомични ситуации во „Ерата во која сè е можно“, додека расните судири и трговијата со дрога се само дел од факторите што го раскинуваат американското општество. Салман Ружди игра со уште еден лик: Авторот, кој пишува за Кишот, чиј живот неосетно се движи во паралела (или се пресекува) со животот на Кишот и неговиот измислен син.

„Кишот“ е прекрасен омаж на „Дон Кихот“, мајсторски напишан роман во роман, во кој жанровите постојано се мешаат, фактите и измислиците веќе не може да се разликуваат, а границите меѓу реалноста и фантазијата не постојат. „Кишот“ исто така е и пародија на нашето време, но и приказна за една тажна и истовремено возвишена потрага по ретките благородни нешта што сè уште ги има на овој свет.

„Токму како ‘Дон Кихот’, ‘Кишот’ е исклучително сложено книжевно дело, предизвик за читателите каков што Салман Ружди ни нуди во своите најдобри романи.“ - Тајмс

„Роман што истовремено е авантуристичка on the road приказна, шпионски трилер, научна фантастика, магичен реализам, љубовна драма… И сето тоа функционира совршено.“ - Индепендент

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кишот

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Салман Ружди
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 315 ден


  • 1 или повеќе 315 ден

Слични продукти

Човек што плаче од смеење

Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нов..

Автор:

320 ден 400 ден

Сердарот

Григор Прличев (1830–1893) бил еден од најзначајните македонски преродбеници, поет, преведувач ..

Автор:

105 ден 150 ден

Избрани драми 2

Горан Стефановски, големиот мајстор на македонската драма и во овие свои дела ( „Јане Задрогаз“, „Че..

Автор:

315 ден 450 ден

Писма до Милена

За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главн..

Автор:

434 ден 620 ден

Ознаки: kisot, salman ruzdi