„Наслада“ e роман на полската авторка Марта Ѓидо награден со Наградата за литература на ЕУ во 2019 година.
Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, во една приградска населба на Варшава, двајца млади љубовници го очекуваат новиот милениум – исплашени дека ќе настапи крајот на светот. Препуштајќи ѝ се на страста, сакаат да испробаат сè. Но нивната желба да им се противат на конвенциите ќе ја проголта и нивната врска…
„Наслада“ е роман љубопитен за сите форми на љубовта и за можноста да се љуби отворено и искрено, дури и кога луѓето не веруваат дека нивната љубов може да опстане.
„’Наслада’ е љубовна приказна за страста и за привлечноста која е толку силна, што ги надминува границите на просторот и времето и на крајот создава сопствена верзија на стварноста.“ - Критика политична
„Овој роман е љубовно писмо долго стотина страници. Авторката вешто и искрено раскажува за искусувањето на страста, за љубовта која никој не ја нарекува со вистинското име.“ - Газета виборча
Наслада
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Марта Ѓидо
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Надеж, имела и едно божиќно ветување
Кога станува тешко да се исполни едно божиќно ветување...Пип Смит знае дека му должи на семејството ..
368 ден 490 ден
Љубов меѓу редови
Роуан: Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвез..
392 ден 490 ден
Жена на дното
Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но, по фијаското со филмската ада..
440 ден 550 ден
Железната завеса
Два света на работ на промена во една љубовна приказна осудена на пропаст.Милена е “црвена принцеза”..
390 ден 520 ден
Ознаки: naslada, marta gjido
